Либанската паравоена милиција Хезболах денеска соопшти дека одлуката на либанската влада да води преговори со Ирзаел претставува „национален грев“ што ќе ги прошири поделбите внатре во земјата.

Претставник на Хезболах ги осуди разговорите меѓу владите на Либан и Израел во Вашингтон и порача дека тие не го одразуваат националниот идентитет на Ливбан, ниту пак „изборот на либанскиот народ“.

Состанокот меѓу Израел и Либан што го организираше американскиот министер за надворешни работи Марк Рубио е прв директен разговор меѓу Израел и Либан во последните 10-години.

Либан и Израел се во воена состојба уште од формирањето на Израел во 1948.

Слични новости

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа најава на Трамп доаѓа по само два дена откако потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите изјави дека распоредувањето на американските сили во Полска се одложува.