ХБО снима мини серија базирана на славниот трилер „Птици“ на Алфред Хичкок од 1963-та.
Сценариото е адаптација на приказната на Дафне ду Мориер, која беше подлога и за сценариото на филмот на Хичкок. Гглавната улога во серијата и е доверена на австралиската актерка Сара Снук која се прослави во хит серијата на ХБО „Наследниците“.
Сара Снук која освои Еми и Златен Глобус за „Населдниците“ се враќа на ХБО, а во мини серијата се појавува и во улогата на извршен продуцент.
ХБО серијата ја снима во копродукција со Универзал Глобал ТВ.
Слични новости
Дивиот свет на планетата Земја исчезнува со алармантна брзина
Просечната големина на популациите на диви рбетници е наланеа за дури 73 насто во изминатите 52 години, се наведува во извештајот за состојбата на планетата што го објави Светската организација за заштита на природата.
Се продава на аукција секирата од „Шајнинг“ култниот хорор на Стенли Кјубрик со Џек Николсон
Секирата со која Џек Николсон ја сними една од најпознатите сцени во филмската историја оди на аукција. Реквизитот од „Шајнинг“ се проценува меѓу 30.000 и 50.000 фунти, односно до околу 58.000 евра.
Стивен Спилберг и се враќа на франшизата „Трансформери“
Холивудскиот режисер, ветеранот Стивен Спилберг разговара да биде извршен продуцент и човек задолжен за креативните решенија во осмото продолжение на хит франшизата „Трансформери“.


