Просечната големина на популациите на диви рбетници е наланеа за дури 73 насто во изминатите 52 години, се наведува во извештајот за состојбата на планетата што го објави Светската организација за заштита на природата.

Најголем пад е забележан во слатководните екосистеми 85 насто, потоа копнените 69 насто, а во морските екосистеми падот на популацијата изнесува 59 насто, пренесе германскиот весник „Шпигел“.

Загубата на природни пребивалишта е главната причина за исчезнување на дивиот свет, а потоа следуваат прекумерно користење на природните ресурси, климатските промени па загадувањето.

Слични новости