Фудбалската федерација на Македонија и официјално покрена дисциплинска постапка против фудбалскиот клуб Вардар поради недоличното однесување при прославата на шампионската титула, освоена во петокот.

Најтрофејниот македонски клуб ја осигура својата 12. шампионска титула со победа  на гостувањето кај Струга со 1-0 во претпоследното коло од сезоната.

Наместо прославата да мине во спортски дух, „црвено-црните“ се најдоа во центарот на вниманието по снимките од угостителски објект, на кои фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица пеат песни со навредлива содржина.

Осуди за инцидентот пристигна од повеќе страни, пред сè од Министерството за спорт и од Фудбалската федерација на Македонија. ФК Вардар сега се соочува со казна, откако случајот денеска и официјално се најде во билтенот на Дисциплинската комисија.

Одлука околу евентуалната казна веројатно ќе има следната недела, откако ќе биде комплетирана сезоната.

Во сабота, на 23 мај, Вардар ја пречекува Шкендија во последното коло по што ќе следува прослава на титулата во Градскиот парк во Скопје.

 

Слични новости

Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени и имал уште два обиди за убиство

Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени и имал уште два обиди за убиство

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата утврдила дека две од нив се негови жртви.

Од денеска дождливо и облачно време

Од денеска дождливо и облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.