Комисијата на странски експерти ги потврди сомнежите на кардиологот Сашко Кедев – кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце.
Комисијата оценила дека во одредени аспекти третманот и водењето на пациентите било под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаеле на исходот кај пацицентите .
Станува збор за луѓе на возраст од 45 до 78 годишна возраст, а пропусти биле утврдени не само во приватните болници туку и во државните. соопшти министерот за здравство Алиу.
Извештаите ќе бидат доставени до владата, лекарската комора, но и до јавното обвинителство.
Слични новости
OJO почна истрага за фемицидот во Битола
Основното јавно обвинителство Битола ќе спроведе истражна постапка против мажот кој си ја уби сопругата во Битола. За 33-годишникот постои основано сомнение дека извршил кривично дело, убиство при вршење семејно насилство
Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %.
Серискиот убиец од Старо Нагоричане убил четири жени и имал уште два обиди за убиство
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврди дека тој убил 4 жени и имал уште два обиди за убиство. Во текот на истрагата биле откопани телата на три жени, а обдукцијата утврдила дека две од нив се негови жртви.


