На куќата на популарниот пејач Здравко Чолиќ во Белград е фрлена експлозивна направа која направила голема штета, пренесе Танјуг.
Според првичните информации на српските медиуми, во настанот немало повредени.
Според сознанијата, станува збор за рачна бомба, а мотивите за нападот врз домот на Здравко Чолиќ во Блеград, засега не се познати.
Белградската полиција изврши увид на местото на настанот, заедно со виш обвинител и ги утврдува околностите на овој напад.
Слични новости
Документарецот „Меланија“ потона на Бокс Офисот по ветувачката премиерна недела на прикажување
Меланија има исклучително лоши критики, а стручната јавност го оцени како одвратен филм и пропаганда, додека Ротен томејтоус му даде мизерни 6 насто од гледачите.
„Испратете помош“ втора недела на врвот на американскиот Бокс Офис
Црниот хорор -трилер на режисерот Сам Реими со Рејчел Мек Адамс и Дилан О Брајен во главните улоги засега заработи 36 милиони долари во САД и 18 милиони долари на странските пазари за 10 дена прикажување
Хоророт „Self help“ и натаму прв на американскиот Бокс Офис
Прв на американскиот Бокс Офис од минатата недела е хоророт „Self help“ на режисерот Ерик Блумквист, со Ленди Бендер и Џејк Вебер во главните улоги.