Римејкот на „Оркански висови“ на студиото Ворнер Брос се очекува да доминира викендов на Бокс офисот. На претпремиерата во четвртокот филмот заработи 3 милиони долари од продажба на кино билети и се очекува да го заврши викендот со заработка меѓу 40 и 50 милиони долари.
Станува збор за голем успех на Воренер, со оглед на фактот што делото „Оркански висови“ е познато главно на постарата женска популација.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Маргот Роби и Џејкоб Елорди. Критичарите очекуваат да видат како ќе се однесува публиката кон Маргот Роби во посериозна улога, по онаа со хитот „Барби“.
Слични новости
Силни експлозии на темната страна на Сонцето, Меркур на удар, Земјата надвор од опасност
На спротивната страна на Сонцето кое не е завртено кон нашата планета се регистрирани три исклучително силни рендгенски блесоци. Научниците истакнуваат дека е идентификуван новоформиран центар на голема енергија.
Новиот филм на Педро Алмодовар „Горчлив Божик“ доби овации од публиката во Кан
Филмот доби 17 -ет минутни стоечки овации од публиката во Кан. Во првиот ред во публиката на премиерата на филмот заедно со кастот на филмот беа и славната француска актерка Жилиет Бинош, како и двојниот освојувач на Златната палма легенадарниот британски режисер Кен Лоуч.
„Мајкл“ со неверојатен пресврт повторно се врати на врвот на Бокс офисот
Биопикот „Мајкл“ на Антони Фукуа за животот на поп иконата Мајкл Џексон, повторно се врати на првото место на Бокс офисот откако две недели беше паднат на второто место, што многу ретко се случува.


