Нетфликс објави дека нивниот филм „Клиф Бут“ ќе ја има премиерата во Ајмакс кината на 25 ноември за Денот на благодарноста и ќе се дава еден месец низ кино салите, пред да биде ставен на глобалниот стример на 25 декември за телевизиските гледачи.
Филмот го режираше Дејвид Финчер според сценариото на Квентин Тарантино. Филмот е продолжение на „Беше еднаш во Холивуд“, а главната улога повторно ја толкува Бред Пит.
Филмот засега има работен наслов како „Авантурите на Клиф Бут“ но тоа сеуште не е официјалното име на филмот. Филмот „Беше еднаш во Холивуд“ продуциран од студиото Сони со Бред Пит и Леонардо Ди Каприо беше блокбастер во 2019, а го режираше Квентин Тарантино.
Слични новости
Почина брилијантниот актер Сем Нил
Актерот Сем Нил, кој потекнува од Нов Зеланд, а се прослави со улогите во „Јура парк“, „Пијано“ „Во устата на лудилото“ и многу други, почина на 78-годишна возраст.
Тело на џиновска ајкула пронајдено на брегот во Тоскана
Ајкулата со шест шкрги ретко се гледа во Средоземното море, а научниците истакнуваат дека ова е важна прилика за истражување на нејзината биологија и причината за присуство на големи предатори во регионот.
Натпреварот САД-Босна најгледан фудбалски натпревар во историјата на САД
Првиот елиминациски натпревар на селекцијата на САД на Светското првенство против Босна и Херцеговина привлече 24,4 милиони гледачи на терестријална телевизија во САД, објави агенцијата за мерење телевизиски рејтинзи Нилсен.


