Првиот елиминациски натпревар на селекцијата на САД на Светското првенство против Босна и Херцеговина привлече 24,4 милиони гледачи на терестријална телевизија во САД, објави агенцијата за мерење телевизиски рејтинзи Нилсен.

Дополнителни 9,1 милион гледачи го следеле натпреварот на Телемундо и Пикок, за тотална бројка од 33,53 милиони гледачи.

Станува збор за прелиминарни мерења, а во финалното мерење бројката може да се покаже и како поголема, но како и да е, станува збор за најгледаниот фудбалски натпревар било кога во историјата на САД.

Претходно рекордот го држеше финалето на Светското првенство во фудбал во 2014 меѓу Германија и Аргентина.

 

Слични новости

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување

Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.