Пратеничката група на СДСМ нема да учествува во најновото задолжување на државата, најави партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција претпладнево.
Последното задолжување од 260 милиони евра од повеќе банки, Филипќе го нарече „брутално“.
„Огромни суми, стотици милиони, милијарди евра, пари кои што не одат никаде, освен строго контролирано, во партиските фирми преку тендерските постапки. Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа“, најави Филипче.
Тој го обвини претседателот на собранието, Африм Гаши за кршење на Деловникот.
„Закажува состанок на комисијата за финансирање и буџет, Комисија што ја води нашата пратеничка, Сања Лукаревска. И покрај тоа што е таа тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа Комисија“, додаде Филипче.
Слични новости
Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo „МАН“ со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Иран и САД не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите се намалени
Иран и САД сеуште не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите меѓу Вашингтон и Техеран се сепак намалени, изјави висок ирански извор за Ројтерс. Меѓу спорните точки остануваат иранското збогатување на ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец.
Во Македонија денеска се очекува невреме
Во повеќе делови од Македонија денеска се очекува нестабилно време, а локално процесите може да бидат поинтензивни – со обилен дожд, електрични празнења, ветер над 60 километри на час и можност за појава на град.


