Во повеќе делови од Македонија денеска се очекува нестабилно време, а локално процесите може да бидат поинтензивни – со обилен дожд, електрични празнења, ветер над 60 километри на час и можност за појава на град.

Причината за нестабилноста е циклонска активност југоисточно од Македонија, која во попладневните и раните вечерни часови ќе придонесе за поголема дестабилизација на атмосферата. На повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен северен до североисточен ветер.

Температурите во Скопје ќе се движат од 11 до 25 степени, со променливо облачно време и услови за пороен дожд и грмежи во делови од котлината.

Слични новости

Костадинов по оставката на Земон: „Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација“

Костадинов по оставката на Земон: „Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација“

Костадин Костадинов порачува дека овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката. На СДСМ му треба внатрешна консолидација, а не Ад хок комбинаторики

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo „МАН“ со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.