Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.

За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.

Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.

Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.

Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.

Слични новости

Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови

Израелските авиони повторно го гаѓаа југот на Либан, силни експлозии во повеќе градови

Тензиите на Блискиот исток не спласнуваат. Израелските воени авиони во текот на ноќта извршија воздушни напади врз градот Мансури на југот од Либан, а низ градот одекнувале силни експлозии.

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Растат тензиите меѓу САД и Иран по истекувањето на договорот за прекин на огнот

Војната не само што не заврши, туку очигледно Вашингтон и Техеран остануваат на крајно спротивставени позиции, со сосема поинаква интерпретација на тоа што се случува и кој всушност го контролира Ормускиот теснец