Унгарскиот парламент денеска му го укина имунитетот на премиерот Петар Маѓар со што е отстранета пречката за продолжување на истрагата за случајот од 2024 година, во кој шефот на унгарската влада е осомничен дека на еден маж му го одзел мобилниот телефон, а потоа го фрлил во Дунав.
За укинување на имунитетот на унгарскиот премиер гласаа 139 пратеници, без гласови против и воздржани, пренесе „Телекс“.
Постапката беше покрената уште во времето кога Маѓар беше пратеник на Европскиот парламент кој во октомври го одби барањето за укинување на неговиот пратенички имунитет. Мандатот на Маѓар во Европскиот парламент беше окончан во мај оваа година, по што тој победи на изборите и стана премиер на Унгарија.
Самиот Петар Маѓар ги повика пратениците на неговата партија „Тиса“ да гласаат за укинување на имунитетот и порача дека нема сторено никакво кривично дело.
Тој тврди дека постапката против него е обид за политичка дискредитација, додека обвинителството ги одби овие наводи.
Слични новости
Во училиште во Загреб: Ученик со нож избодел друг ученик и жена
Ученикот кој ги предизвикал повредите е под полициски надзор. Во тек е кривична истрага и увид на лице место, соопшти Полициската управа во Загреб.
САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан
Иранските ракети биле насочени кон воздугопловната база Мувафак Салти, позната и како базата Ал-Азрак во која се стационирани американски авиони и воен персонал. Милитарни наведува дека во нападот биле оштетени девет авиони на американското воено воздухопловство.
Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД
По нападот САД ја сменија воената стратегија, напуштајќи го концептот на одвраќање кон право на превентивни воени напади врз држави кои кријат или поддржуваат терористички групи. Применувајќи ја Доктрина на превентивна војна. САД во 2001 година а почнуваат Глобалната војна против тероризмот и го напаѓаат Авганистан, а две години подоцна Ирак.


