Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Одлуката ја закочи европската дипломатија во пресрет на четвртата годишнина од руската агресија врз Украина.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коштa, и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер лајен, заминаа во Киев по повод четиригодишнината од војната. Очекуваа договорен пакет и финансиска поддршка, а наместо тоа добија вето од Будимпешта.

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул најави дипломатска офанзива. „Не верувам дека е исправно Унгарија да ја предаде сопствената борба за слобода и европски суверенитет. Ќе ги повикаме да ја преиспитаат својата позиција“  рече Вадефул.

 

Слични новости

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран

Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.