Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.
Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, а оштетени се и повеќе станбени објекти.
Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница.
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.
Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.
Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море.
Слични новости
Хутите го презедоа Мока и островот Перим, расте напнатоста вo Црвеното Море
Преземањето на Перим им дава на Хутите значително поголемо влијание врз Баб ел-Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и претставува клучна рута кон Суецкиот Канал.
Во училиште во Загреб: Ученик со нож избодел друг ученик и жена
Ученикот кој ги предизвикал повредите е под полициски надзор. Во тек е кривична истрага и увид на лице место, соопшти Полициската управа во Загреб.
САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан
Иранските ракети биле насочени кон воздугопловната база Мувафак Салти, позната и како базата Ал-Азрак во која се стационирани американски авиони и воен персонал. Милитарни наведува дека во нападот биле оштетени девет авиони на американското воено воздухопловство.


