Шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда, Маџид Хадеми, е убиен денес во напади на САД и на Израел, соопшти иранската револуционерна гарда.
Во соопштението на иранската револуционерна гарда, е наведено дека Хадеми пет децении имал голема улога во иранскиот разузнавачки и безбедносен апарат.
Ројтерс наведе дека иранските државни медиуми објавија дека Хадеми е мртов, но притоа не објавија детали.
Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац го оцени убиството на Хадеми, како отстранување на терорист. „Ќе продолжиме да ги ловиме еден по еден“, рече тој, нагласувајќи дека Израел веќе сериозно ја оштетил иранската челична и петрохемиска индустрија и дека ќе „продолжи со разурнување на иранската национална инфраструктура“.
Слични новости
Студентите во Србија организираат нов протест за демократизација на Србија и вонредни избори
Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.
Бројот на жртви се искачи на 90 по експлозија на гас во рудник во Кина
Речиси 250 луѓе работеле под земја во рудникот кога се случила експлозијата. Стотици спасувачи се испратени на местото на настанот. Снимките од државните медиуми покажуваат болничари како носат носилки на местото, а во позадина се гледаат амбулантни возила.
Иран и САД не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите се намалени
Иран и САД сеуште не постигнаа договор за завршување на војната, но разликите меѓу Вашингтон и Техеран се сепак намалени, изјави висок ирански извор за Ројтерс. Меѓу спорните точки остануваат иранското збогатување на ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец.


