Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.
При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.
Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.
Слични новости
Месец Март ќе донесе рана пролет во Македонија
Мартската прогноза за Македонија најавува порано чувство на пролет, со температури над просекот, повеќе сончеви периоди и претежно постабилно време
СДСМ продолжува да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за местенка со Артан Груби
Од СДСМ обвинуваат дека случајот со враќањето на Артан Груби е дел од „однапред смислено сценарио и политички дил“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е стабилна и безбедна заклучено на седницата на Советот за безбедност
Седницата се фокусираше на безбедносната состојба во земјава по воените дејствија на САД и Израел кон Иран и иранските кон земјите во Персискиот залив, во коишто има американски бази.