Поради сомнение за криумчарење мигранти, двајца државјани на Косово се лишени од слобода. Полицијата во текот на вчерашниот ден во близина на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во возило со косовски регистарски таблички.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи вчера во 06:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги приведоа А. Г. (42) и Г. Г. (39), двајцата од Косово.
При контрола на автопатот Гевгелија – Неготино се запрени возило ‘фолксваген транспортер‘, управувано од А.Г., и ‘шкода октавија‘, управувана од Г.Г. Во комбето се пронајдени седум мигранти од Египет, а полициската истрага утврди дека возилото ‘шкода‘ служело како претходница“, велат од МВР.
Против двајцата косовски државјани е поднесена кривична пријава и им е определен 30-дневен притвор.
Слични новости
Костадинов по оставката на Земон: „Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација“
Костадин Костадинов порачува дека овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката. На СДСМ му треба внатрешна консолидација, а не Ад хок комбинаторики
Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo „МАН“ со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Во Македонија денеска се очекува невреме
Во повеќе делови од Македонија денеска се очекува нестабилно време, а локално процесите може да бидат поинтензивни – со обилен дожд, електрични празнења, ветер над 60 километри на час и можност за појава на град.


