Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од намерата преку големи трговски зделки меѓу САД и Русија да влијае врз мировните преговори за окончување на војната во Украина, објави „Фајненшал тајмс“.

Весникот пишува дека специјалните американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги известиле европските партнери дека деловната соработка меѓу американски и руски компании веќе не претставува клучен елемент на предлозите кои Вашингтон и ги доставува на Москва во преговорите.  

Сепак, руската страна јасно ставила до знаење дека не е заинтересирана за големи зделки мѓу САД и Русија кои би влијаеле врз мировните преговори со Украина.

Тоа доведува до промена на американскиот пристап и Вашингтон веќе нема да им придава значење на економските аранжмани во дипломатските напори за окончување на војната во Украина.

 

Слични новости

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.