Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од намерата преку големи трговски зделки меѓу САД и Русија да влијае врз мировните преговори за окончување на војната во Украина, објави „Фајненшал тајмс“.
Весникот пишува дека специјалните американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги известиле европските партнери дека деловната соработка меѓу американски и руски компании веќе не претставува клучен елемент на предлозите кои Вашингтон и ги доставува на Москва во преговорите.
Сепак, руската страна јасно ставила до знаење дека не е заинтересирана за големи зделки мѓу САД и Русија кои би влијаеле врз мировните преговори со Украина.
Тоа доведува до промена на американскиот пристап и Вашингтон веќе нема да им придава значење на економските аранжмани во дипломатските напори за окончување на војната во Украина.
Слични новости
Трамп подготвува зголемување на царините за 16 големи економии
САД би можеле да објават во следните денови нови царини за увоз од Кина, Европската Унија и 14 други економии, јави Скај њуз.
„Да се стави крај на осиромашувањето“: 24-часовен штрајк на вработените во државниот сектор во Грција
Бродскиот сообраќај во Грција е целосно суспендииран,бродовите и траектите ќе останат закотвени на пристаништата, а проблеми ќе има во јавниот превоз во Атина. Во рамките на штрајкот се закажани и протести во над 40 градови низ цела Грција.
Нафтата Брент на околу 90 долари за барел што е блиску до повеќемесечниот минимум
Падот на цената на нафтата се должи на опоравувањето на глобалното снабдување со нафта и можноста за дипломатско окончување на војната меѓу САД и Иран.


