Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од намерата преку големи трговски зделки меѓу САД и Русија да влијае врз мировните преговори за окончување на војната во Украина, објави „Фајненшал тајмс“.
Весникот пишува дека специјалните американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги известиле европските партнери дека деловната соработка меѓу американски и руски компании веќе не претставува клучен елемент на предлозите кои Вашингтон и ги доставува на Москва во преговорите.
Сепак, руската страна јасно ставила до знаење дека не е заинтересирана за големи зделки мѓу САД и Русија кои би влијаеле врз мировните преговори со Украина.
Тоа доведува до промена на американскиот пристап и Вашингтон веќе нема да им придава значење на економските аранжмани во дипломатските напори за окончување на војната во Украина.
Слични новости
НАТО им порача на граѓаните дека е можен воен конфликт со Русија
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, повика земјите членки да ги подготват не само своите армии, туку и граѓаните, институциите, компаниите и службите за можноста од воен конфликт.
САД со нови економски санкции за Иран
Администрацијата на САД синоќа воведе нов пакет економски санкции против Иран, со цел да го прекине финансирањето на Техеран.
Историски пораст на акциите во САД по враќањето на Хуанг на чело на „Нвидија“
Индексот на 500-те најсилни американски компании S&P 500 порасна за 4,73 отсто поени, а технолошката берза Nasdaq Composite скокна за дури 6,51 отсто,


