Американскиот претседател Доналд Трамп е се понезадоволен од постапките на Израел, за кои Вашингтон смета дека може да ги отжнат преговорите со Иран и дополнително да ги подигнат тензиите на Блискиот исток, пишува Политико повикувајќи се на извори во Белата куќа.
Во американската администрација постои свест дека целите на САД и Израел не се целосно исти. Особено кога станува збор за начинот на кој треба да се запре ширењето на конфликтот и да се отвори простор за дипломатски договор со Техеран.
Извори во американската администрација изјавија дека Трамп е фрустриран од оваа реалност, но не сака јавно да му ги скрати крилата на Израел, иако постои незадоволство од израелските потези.
Израел најави нови удари врз Иран и Либан, што според проценките во Вашингтон може да ги загрози дипломатските напори и да ја продолжи кризата.
Слични новости
Затворено небото над Иран, Ирак и Сирија
Воздушниот простор над Иран, Ирак и Сирија е затворен за цивилен сообраќај поради новата ескалација на воениот судир на Блискиот исток, јавуваат светските медиуми. Освен во овие три држави и во Израел е главно запрен цивилниот воздушен сообраќај.
Нови напади меѓу Израел и Иран
Израел започна воздушни напади рано наутро насочени кон централен и западен Иран како одговор на ракетниот оган од Техеран, напади што се заканија да го вратат поширокиот Блиски Исток во регионална војна.
Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија
Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната линија на контакт треба да послужи како почетна точка за преговори“


