„Непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“,  подржаа  лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство , пренесуваат светските агенции.

Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната линија на контакт треба да послужи како почетна точка за преговори“, нагласувајќи дека „меѓународните граници не треба да се менуваат со сила“.

Тие на средбата со Зеленски разговарале и за зголемување на производството на одбранбено вооружување и за развој на способности за напади длабоко на руска територија, по засилените руски ракетни напади, меѓу кои и употреба на ракети „Орешник“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека Европа мора да има клучна улога во мировните преговори.

 

Слични новости

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави оставка на претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави оставка на претседателската функција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.

Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран

Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран

САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран.