Американскиот претседател Доналд Трамп е се понезадоволен од постапките на Израел, за кои Вашингтон смета дека може да ги отжнат преговорите со Иран и дополнително да ги подигнат тензиите на Блискиот исток, пишува Политико повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Во американската администрација постои свест дека целите на САД и Израел не се целосно исти. Особено кога станува збор за начинот на кој треба да се запре ширењето на конфликтот и да се отвори простор за дипломатски договор со Техеран.

Извори во американската администрација изјавија дека Трамп е фрустриран од оваа реалност, но не сака јавно да му ги скрати крилата на Израел, иако постои незадоволство од израелските потези.

Израел најави нови удари врз Иран и Либан, што според проценките во Вашингтон може да ги загрози дипломатските напори и да ја продолжи кризата.  

Слични новости

Падна американски хеликоптер „Апачи“ во близина на Иран

Падна американски хеликоптер „Апачи“ во близина на Иран

Американски воен хеликоптер АХ-64 Апачи се урна во близина на Ормутскиот теснец, а двајцата членови на екипажот се спасени, јави Њујорк тајмс, кој пишува дека причината за падот на американскиот хеликоптер засега не е позната.

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Унгарскиот парламент едногласно го одобри предлог-законот предложен од владејачката партија Тиса, за значително намалување на платите на пратениците и државното финансирање на политичките партии.