Најмалку 132 мигранти се спасени во две одвоени операции на потрага и спасување мигранти во близина на грчкиот остров Крит.
Во првиот инцидент крајбрежната стража спасила 48 луѓе од чамец кој се наоѓал на околу 32 наутички милји југоисточно од Крит,пренесе грчкиот весник Катимерини.
Во втората операција крајбрежната стража спасила најмалку 84 луѓе од друг чамец кој се наоѓал на 33 наутички милји од Крит. Сите мигранти потоа безбедно биле префрлени во пристаништитето Кали Лименес.
Слични новости
Трамп: Договорот со Иран е „многу силен меморандум за разбирање“, ќе биде потпишан во Европа
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до потпишување договор со Иран за завршување на војната, а договорот ќе биде потпишан во Европа, во наредните денови.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави оставка на претседателската функција
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.
Продолжуваат нападите меѓу САД и Иран
САД и Иран втор ден по ред разменија напади на Блискиот Исток, дополнително зголемувајќи ги тензиите и покрај прекинот на огнот договорен во април. Американската Централна команда соопшти дека извела напади врз воени, радарски и надзорни цели во јужен Иран.


