САД би можеле да објават во следните денови нови царини за увоз од Кина, Европската Унија и 14 други економии, јави Скај њуз. Точниот износ на царинските давачки, производите на кои тие би се применувале и датумот на нивното стапување во сила се уште не се познати.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД треба да ги објави резултатите од едномесечната анализа за вишокот индустриски капацитет и производство во тие економии.

Администрацијата на Доналд Трамп тврди дека прекумерното производство, потпомогнато од владини субвенции, создава вишок евтина стока што ги поткопува американските компании.

 

Слични новости

Нови напади на Иран врз Бахреин, Хутите во офанзива во Јемен

Нови напади на Иран врз Бахреин, Хутите во офанзива во Јемен

Иранската револуционерна гарда соопшти дека вчера го погодила радарскиот систем во американската хеликоптерска база во Бахреин, додека Американската централна воена команда не ги коментира наводите на Техеран.