Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воздушните удари врз Иран ќе продолжат и во наредните неколку дена, со предупредување дека ќе стануваат се поинтензивни доколку Техеран не се согласи на спогодба. Трамп рече дека во момнтов не сака да преговара со Иран.
Сепак, американскиот претседател наведе дека контактите меѓу двете страни не се целосно прекинати и дека иранските претставници и натаму се обидуваат да постигнат договор.
Во интеврју за телевизијата „Фокс њуз“ Трамп рече дека американските сили ќе продолжат со нападите „се додека не процени дека е доволно“, оценувајќи дека иранските воени капацитети се сериозно ослабнати.
„Единствениот начин со нив ефикасно да се преговара е преку демонстрација на воена сила“ порача Доналд Трамп.
Слични новости
Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.
УХМР со предупредување за ново невреме денеска
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.
САД со нови напади врз Иран
Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз ирански воени цели, соопшти американската Централна команда, наведувајќи дека биле погодени командни центри, ракетни и беспилотни системи, како и објекти за противвоздушна одбрана.


