Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“.

Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, Иран забрзано гради подземен нуклеарен објект под тоа име, што режимот во Техеран го негира. Објектот се наоѓа во близина на поранешниот комплекс во Натанц, кој беше бомбардиран од САД во јуни 2025 година.

Трамп рече дека САД наскоро ќе ја нападне таа зона во Иран и дека Техеран не може ништо да стори по тоа прашање.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.