Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши. „Мислам дека војната бргу ќе заврши, затоа што не можат уште долго да издржат“ им изјави Трамп на новинарите во Обвалната соба.

Спогодбата за која се преговара веќе неколку недели треба да објави прекин на огнот меѓу САД и Иран и повторно да ги отпочне преговорите за нуклеарна спогодба.

Во моментов се преговара за сообраќајот низ Ормутскиот теснец меѓу Иарн и Оман. Според спогодбата која би траела 60 денови, сите бродови низ Ормутскиот теснец и Персискиот залив би доаѓале низ северниот коридор низ иранските води, а би заминувале низ јужниот коридор низ оманските води, во координација со Иран.

Според договорот за кој се преговара, во текот на периосот од 60 дена не би се наплатувале патарини и такси.

Слични новости

САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан

САД биле принудени да употребат повеќе од 60 ракети „Патриот“ за да одбијат ирански напад врз американска база во Јордан

Иранските ракети биле насочени кон воздугопловната база Мувафак Салти, позната и како базата Ал-Азрак во која се стационирани американски авиони и воен персонал. Милитарни наведува дека во нападот биле оштетени девет авиони на американското воено воздухопловство.