Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови.
Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран. Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“.
Барањата на Иран беа доставени до САД преку посредничката земја Пакистан. А претходно, САД предложија прекин на борбите, по што би започнале преговори за поконтроверзни прашања, како што е иранската нуклеарна програма.
Според информациите Иран сака преговорите да се фокусираат на трајно завршување на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан, каде што Израел се бори против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, и да ја обезбеди безбедноста на бродовите.
Американскиот предлог пак се фокусира на завршување на војната, повторно отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на нуклеарната програма на Иран, прашање за кое Техеран би сакал да разговара подоцна.
Слични новости
Нафтата Брент надмина 90 долари за барел
Цената на нафтата од типот Брент веќе надмина 90 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 25 проценти во текот на неделата.
Воените сили на САД брзо ги испукаа крстосувачките ракети „Томахавк“ во војната со Иран
Според податоците што досега ги има објавено американската Централна комада досега врз Иран се испукани над 400 ракети „Томахавк“, што е рамно на петгодишното производство на овие крстосувачки ракети.
Американците ја нападнаа иранската фрегата Дена далеку од Персискиот залив
Нападот врз фрегатата Дена бил изведен од американска подморница која го погодила бродот кај облата на Шри Ланка, оддалечена илјадници километри од Перискиот залив.