Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со летни температури во поголем дел од земјата. Дневните максимални вредности се очекуваат меѓу 23 и 34 степени.

Најтопло време се најавува во централните и југоисточните делови, како и во Скопската Котлина, каде што прогнозите се дека температурите ќе се искачат  до 34 степени.

Топлиот бран, според прогнзите се очекува да продолжи во текот на целиот викенд.

Слични новости

Бројот на заболени од грип се намалува

Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.

Одложен состанокот за камионџиите во Брисел

Одложен е состанокот во Брисел на кој камионџиите во регионот и ЕК требаше да изнајдат начин за решавање на проблемите на професионалните возачи, откако стапија во сила новите правила за престој во Шенген зоната.