Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта,  отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.

Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.

Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.

 

Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.

Слични новости

Француските банки под притисок поради политичката неизвесност

Француските банки под притисок поради политичката неизвесност

Според податоците од берзата, акциите на банките БНП Париба и Креди агрокол падна до 4,4 насто, а акциите на Сосиет Женерал паднаа до 4 насто. Ова го собори паневропскиот индекс на целиот банкарски сектор Стохх Еуропе 600 Банкс

Евростат: ЕУ во вториот квартал увезе стока вредна над 700 милијарди евра

Евростат: ЕУ во вториот квартал увезе стока вредна над 700 милијарди евра

Европската унија во вториот квартал на 2026 увезе стока во вредност од 702 милијарди евра, додека извезе производи во вредност од 680 милијарди евра, а нејзини најголеми трговски партнери се САД и Кина, покажуваат податоците на Евростат.