Европската унија во вториот квартал на 2026 увезе стока во вредност од 702 милијарди евра, додека извезе производи во вредност од 680 милијарди евра, а нејзини најголеми трговски партнери се САД и Кина, покажуваат податоците на Евростат.

Во споредба со истиот квартал минатата година увозот е зголемен за 11,7 насто, додека извозот е зголемен за 4,5 насто.

Најмногу стока во ЕУ доаѓа од Кина, на која отпаѓа 22 насто од увозот од земји надвор од ЕУ во вредност од 153,6 милијарди евра. На второ место се САД со 98,7 милијарди евра, а трета е Велика Британија со 43,4 милијарди евра.

Нјамногу узвоз ЕУ пласирала во САД 127,7 милијарди евра, а во Кина извезе стока во вредност од 50,3 милијарди евра, што е три пати помалку од увозот од оваа земја.

Слични новости

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи

Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.