Танкер со 40.000 тони руски дизел под знаме на Малта,  отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG.

Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД на 7 ноември.

Вицепремиерот на руската влада, Александар Новак, ја објави оваа испорака пред два дена и додаде дека тоа е само првата во серијата испораки.

 

Путин и Трамп разговараа за испораките на нафтени производи за време на телефонскиот разговор на 9 октомври. Во таа прилика, Путин рече дека Москва е подготвена да испорача нафта и нафтени деривати на САД и на глобалниот пазар.

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Русија ги укинува ограничувањата за извоз на дизел порано од планираното и дека би можела да испорача 300.000 тони во октомври, 500.000 тони во ноември и еден милион тони во декември, со можност таа количина да се зголеми на три милиони тони месечно на долг рок.

Слични новости

ФЕД ги зголеми каматите, најавува нови поскапувања на парите

ФЕД ги зголеми каматите, најавува нови поскапувања на парите

Одлуката е донесена поради високата инфлација, која според централната банка сè уште е над посакуваното ниво и не се намалува со доволно брзо темпо.Новите проекции покажуваат дека мнозинството членови на ФЕД очекуваат уште едно зголемување на каматите до крајот на годинава.

Американската индустрија во криза: Производството забавува, цените растат

Американската индустрија во криза: Производството забавува, цените растат

Федералната банка на Њујорк денеска обајви дека индексот на работа во САД паднал на 7,6 во септември од 20,6 во август. Падот е очекуван, но се очекуваше да не биде понизок од 14,75 и тоа укажува на големо забавување на активности во производниот сектор.