Американецот Тед Боли веќе не е претседател на Челси, соопшти лондонскиот клуб. Во соопштението се наведува дека компанијата „Клирлејк капитал груп“ го откупи сопственичкиот удел на Тед Боли и на досегашниот директор на клубот Марк Валтер и ја презеде цеосната контрола врз клубот.

Челси соопшти дека овие трансакции значат заминување на Боли од местото претседател на клубот, а швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и натаму останува важен акционер и партнер во сопственичката структура.

Боли и Валтер продадоа по 12,8 насто од акциите на „Клирлејк капитал груп“ која сега поседува околу 87 насто од акциите во клубот, додека другиот дел му припаѓа на Швајцарецот Ханјорг Вис.

Британскиот медиуми потсетуваат дека Боли го презе клубот во 2022 од рускиот милијардер Роман Абрамович во период на голема политичка и финансиска незивесност за клубот.

 

Слични новости

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.