Семејниот анимиран филм „Супер Марио Галаксијата“ за велиднескиот викенд во САД и Западна Европа отвори со фантастични 372 милиони долари заработка и стана најуспешен филм на Бокс Офисот за 2026. Во САД филмот заработи 190 милиони долари, а на 80 глобални пазари каде што почна да се прикажува стигна до заработка од 182,4 милиони долари.
„Проектот Хеил Мери“ во третиот викенд продолжува со солидна заработка и покрај тоа што е истиснат од ИМАКС кината од Супер Марио. Научно фантастичниот филм со Рајан Гослинг викендов надмина 200 милиони долари заработка во САД и 400 милиони долари глобално.
„Хоперс“ на Дизни е сеуште во првите 5 на Бокс Офисот и стигна до глобална заработка од 323 милиони долари.
Слични новости
Мартин Скорцесе се согласи да биде советник на компанија за вештачка интелигенција што предизвика негодување во Холивуд
Оскаровацет Скорцесе соопшти дека и помага на компанијата во развојот на ФЛУКС технологијата за креирање на стори бордови. Тој додаде дека киното е млад медиум стар само 125 години и дека луѓето треба да бидат отворени за неговата еволуција.
Том Холанд ги убедил шефовите на Сони да ја одложат премиерата на „Спајдермен“ поради „Одисеја“ на Крис Нолан
Холанд изјави дека го убедил извршниот директор на Сони пикчерс Том Ротман, да ја одложи премиерата на „Спајдермен -Нов ден“ бидејќи продукциите на двата филма се поклопуваа.
Психолошкиот хорор „Задните соби“ убедливо прв на американскиот Бокс офис
Психолошкиот хорор „Задните соби“ ги надмина сите очекувања и заработи фантастични 81 милион долари на американскиот Бокс офис во премиерниот викенд.


