На денешен ден пред 100 години беше родена славната американска глумица и фотомодел Мерилин Монро. Таа е родена во Лос Анџелес како Норма Џин Мортенсен.

Сметајќи дека нејзиното име не е доволно комерцијално, кон крајот на 50-тите години се реши за уметничкото име Мерилин, со моминското презиме на мајка и Монро. Беше позната по толкување на комични ликови на „сексипилни блондинки“, а во 60-тите стана секс симбол и икона на сексуалната револуција на тоа време.

Во периодот на својата најголема популарност беше најплатената глумица во Холивуд, а некзините филмови заработуваа и по 200 милиони долари.

Врв на нејзината кариера се смета филмот „Некои тоа го сакаат жешко“ со Џек Лемон и Тони Кертис, за кој Мерилин Монро го доби Златниот глобус.

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај