Сојузот на синдикатите на македонија (ССМ) повикува на протест в среда на 28 јануари пред Работнички дом во Скопје, со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра. Слободан Трендафилов ги повика работниците да не се плашат и да се приклучат, нагласувајќи дека ова е борба за достоинството и правата на трудот.
„Овој протест е за твојата плата, затоа што ако не ти, кој друг ќе се бори за твојата плата“, пишува Трендафилов во отвореното писмо до работниците.
Протестот ќе продолжи пред собранието, Стопанската комора и владата, со порака дека само заедно може да се промени неправдата и да се обезбедат пристојни примања за работниците и нивните семејства.
Слични новости
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.
„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.
УХМР алармира за значителен пораст на речните води по обилните дождови во Македонија
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.


