Еден грчки угостител од Солун покрена иницијатива традиционалната грчка чорба која ја нарекуваат „пача“ да биде на списокот на нематеријалното културно наследство на Унеско, што предизвика нов спор меѓу Турција и Грција околу потеклото на ова јадење, пренесе Асошиејтед прес.

Споственикот на ресторанот во Солун Димитрис Царухас тврди дека јадењето „пача“, кое е всушност шкембе чорба, претставува автентично грчко јадење кое потекнува уште од времето на античкиот период и дека е дел од културната традиција која може да се следи до времето на Хомеровиот еп „Одисеја“, каде што се споменува.

Од друга страна турските угостители и медиуми наведуваат дека станува збор за познатото јадење познато како „Ишкембе чорба“ кое со векови е присутно во турската кујна и османлиското наследство.

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.