Исмаил Коне го очекува операција и долга пауза
Голема сенка на победата на канада врз Катар од 6:0 оставо страшната повреда на канадскиот фудбалер Исмаил Коне. Коне ја прими топката на околу 40-ина метри од голот, а потоа Асим Мадибо од Катар остро го фаулираше без причина и му направи отворена скршеница на ногата.
Анчелоти го менува составот на Бразил против Хаити
Селекторот на Бразил Карло Анчелоти планира поинаква постава против Хаити на вториот натпревар во групата од Светското првенство. Во првиот натпревар Бразил одигра нерешено со Мароко 1:1.
Иранската фудбалска федерација се жали до ФИФА поради малтретирање на Светското првенство
Фудбалскиот сојуз на Иран порача дека ограничувањата со кои се соочуваат се во спротивност со принципот на обезбедување еднакви услови за сите тимови кои учествуваат на првенството, пренесе Би Би Си.
Бернардо Силва потпиша договор со Реал Мадрид
Досегашниот фудбалер на манчестер сити Бернардо Силва потпиша договор со Реал мадрид до 30 јуни 20208, соопшти денеска клубот од Мадрид.
Португалскиот играч стигна во Мадрид без обештетување како слободен играч, а во моментов се наоѓа со репрезентацијата на Португалија на Светското првенство.
Победа на Аргентина против Алжир, Меси со хет-трик го израмни рекордот на Клосе
Фудбалерите на Аргентина утринава во Канзас ја победија репрезентацијата на Алжир со 3:0 во првото коло од групата Ј. Сите три гола за Аргентина ги постигна Лионел Меси.
Два гола на Ерлинг Халанд за победа на Норвешка против Ирак
Фудбалерите на Норвешка утринава го победија Ирак со 4:1 во натпревар од групата И на Светското првенство. Претходно во оваа група Франција го победи Сенегал со 3:1 со два гола на Килијан Мбапе.
Рубен Аморим нов тренер на Милан во договор вреден 7 милиони евра за две сезони
Милан постигна договор со Рубен Аморим кој ќе ја преземе улогата на шеф на стручниот штаб на италијанскиот клуб, пренесоа португалските медиуми. Според пишувањата на медиумите, португалскиот тренер ја усогласил соработката на две години до летото 2028, со опција да го продолжи договорот на уште една сезона.
Ајари кој има туниско потекло им даде два гола на Тунижаните во мечот кој Шведска го доби убедливо со 5:1
Шведска денеска убедливо го победи Тунис со 5:1, но најефикасни кај Швеѓаните не беа Александар Исак и Виктор Ѓокереш како што се очекуваше, туку фудбалерот на Брајтон Јасин Ајари кој постигна два гола.
Диоманде : Сакаме да испишеме историја
По победата на Брегот на слоновата коска врз Еквадор од 1:0 утринава во Филаделфија, новата ѕвезда на Ливерпул Јан Диоманде изјави дека е секогаш добро првенството да се почне со победа и дека неговата репрезентација сака да испише историја на Светското првенство.
Марко Силва кој досега го водеше Фулам замена за Жозе Мурињо на кормилото на Бенфика
Португалскиот фудбалски тренер Марко Силва и официјално е новиот шеф на стручниот штаб на Бефика, соопшти клубот од Лисабон. Силва кој минатите пет години го водеше Фулам, потпиша договор со Бенфика до 2028, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
САД убедливо го победија Парагвај со 4:1
Фудбалерите на САД утринава го победија Парагвај со 4:1 во првиот меч од Д групата на Светското првенство. Американците беа убедливи и лесно стигнаа до победата против Парагвај која беше извесна уште по првото полувреме по кое САД водеа 3:0.
Канада и Босна ремизираа во Торонто
Јово Лукиќ ја доеде до предност селекцијата на Босна со гол со глава во 21 минута, а израмни Кајл Ларин во 79-тата. Канаѓаните создадоа повеќе шанси, но на крајот двете селекции поделија по бод.











