Кошаркарите на Денвер Нагетс на свој терен ги победија Бостон Селтикс со 105:101 во дерби натпреварот од НБА лигата, во кој играа два НБА шампиони во последните 4 години. Денвер до победата дојде по пресврт во второто полувреме, откако во втората четвртина од мечот губеше и со 17 поени разлика.
Во тимот на Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 24 коша и 9 асистенции, додека Џамал Мари постигна 21 кош со 7 асистенции. Клучен за победата на Денвер беше Демар Дерозан кој во последната четвртина даде 13 од неговите 18 постигнати поени.
Кај Бостон најефикасен беше Џејсон Тејтум со 24 коша и 8 скокови, а Пол Џорџ прерано мораше да го напушти натпреварот со 6 лични грешки.
Слични новости
Сан Антонио ја презеде лидерската позиција на Западот
Сан Антонио утринава ги совлада ЛА КЛиперс со 124:112 и со тоа ја презеде лидерската позиција во западната конференција. Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Виктор Вембенјама со 32 коша и 11 скокови.
Ендрик размислува да оди на позајмица во Рома
Шпанскиот весник Марка пишува дека тренерот на Рома Гасперини му нуди на бразилецот значајна улога во тимот кој се натпреварува во Лигата на шампионите и води трка за освојување на скудетото.
Валверде потпиша на уште две години со Реал Мадрид
Капитенот на Реал Мадрид Федерико Валверде го продолжи договорт со кралскиот клуб за уште две години, со што Реал го обезбеди Валверде до 2031-вата година, бидејќи неговиот договор истекуваше во 2029.


