Компанијата Парамаунт Скајденс соопшти дека прифатила да се одложи спојувањето со медиската групација Ворнер Брос Дискавери до први јуни 2027, односно до завршување на судската остапка по тужбата на државните обвинители кои бараат забрана на трансакцијата вредна 110 милијарди долари поради сомнеж дека ја нарушува пазарната конкуренција.
По објавувањето на оваа информација, акциите на Парамаунт и на Ворбер Брос паднаа на берзата.
Парамаунт порача дека е подготвен на суд да докаже дека спојувањето е добро за конкуренцијата, авторите и публиката, што веќе го заклучија некои регулатори и очекува судот да пресуди во нивна полза.
Тужбатапротив спојувањето на двете филмски студија ја предводи државниот обвинител на Калифорнија Роб Бонта, кој на 13 јули поднесе тужба до судот наведувајќи дека реализацијата на спојувањето би ја укинало конкуренцијата во Холивуд.
„Незаконското спојување на овие два гиганти на забавната индустрија би довело до повисоки цени, понизок квалитет и помал број на содржини за филм и телевизија, што би ги погодило кината, дистрибутерите на кабелска телевизија и на крајот публиката“, изјави Бонта кога ја поднесе тужбата.
Слични новости
Пад на цената на енергентите : Нафтата Брент падна на 103 долари за барел, гасот 77 евра за мегават-час
Цените на енергентите на европските и светските берзи денеска забележаа пад и цената на сировата нафта Брент падна на околу 103 долари за барел, додека европскиот природен гас падна на 77 евра за мегават-час.
ФЕД ги зголеми каматите, најавува нови поскапувања на парите
Одлуката е донесена поради високата инфлација, која според централната банка сè уште е над посакуваното ниво и не се намалува со доволно брзо темпо.Новите проекции покажуваат дека мнозинството членови на ФЕД очекуваат уште едно зголемување на каматите до крајот на годинава.
Тод Боли веќе не е претседател на Челси, „Клирлејк“ ја презеде контролата врз клубот
Боли и Валтер продадоа по 12,8 насто од акциите на „Клирлејк капитал груп“ која сега поседува околу 87 насто од акциите во клубот, додека другиот дел му припаѓа на Швајцарецот Ханјорг Вис.


