Тренерот на ПСЖ Луис Енрике изјави дека ПСЖ и Баерн Минхен одиграа нешто најдобро што може да пружи фудбалот и му честиташе на Баерн на брилијантната претстава, иако неговиот тим излезе како победник на натпреварот.

„Ова е најдобриот натпревар во кој имам учествувано како тренер. Без било каков сомнеж. Никогаш не сум видел толкав интензитет, високо физичко ниво и таква брзина“.  

Енрике рече дека неговиот стручен штаб очекува сличен меч и во Минхен и дека за да се пласира натаму на ПСЖ ќе му биде потребно да постигне најмалку три голови во Минхен.

Тренерот на Баерн Винсент Компани не беше незадоволен и покрај поразот. Тој порача дека Баерн даде 4 голови во Париз и дека очекува неговиот тим да постигне голови и дома.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.