Баерн Минхен го победи Реал Мадрид на гостувањето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во меч кој приреди атомски фудбал.

Баерн започна силно од самиот почеток на мечот имаше иницијатива и создаваше шанси, а надмоќта и одличната игра ја круниса во 41-та минута со голот на Луис Дијаз. На стартот од второто полувреме Баерн поведе со 2:0 со голот на Хари Кејн.

Потоа Арбелоа го уфрли во игра Џад Белингем и Реал почна да игра подобро и да создава шанси. По неколку промашени шанси Ембапе постигна гол за Реал за конечни 1:2, иако Бајерн промаши две колосални шанси пред крајот на мечот за да ја врати предноста на два гола разлика.

Со ова Баерн ја прекина низата од 9 натпревари без победа против Реал Мадрид, а конечната одлука за тоа кој ќе игра во полуфиналето ќе биде донесена во среда во Минхен.

Слични новости

Манчестер јунајтед по победата во дербито со Сити, го победи и водечкиот Арсенал

Манчестер јунајтед по победата во дербито со Сити, го победи и водечкиот Арсенал

Фудбалерите на Манчестер јунајтед стигнаа до втората победа во низа од доаѓањето на Мајкл Керик на тренерската клупа, откако во неделата вечер го совладаа Арсенал на нивниот стадион Емирати со 3:2.