Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Беше исклучен Кабала кој на полувремето влезе на местото на Камбијасо, токму затоа што Камбијасо имаше жолт картон, па Спалети не сакаше да ризикува неговиот тим да добие црвен картон.

Спалети рече дека не е се загубено и дека во реванш натпреварот во Торино ќе се обиде да направи пресврт.

Она што загрижува е дека Јувентус на последните три натпревари прими дури 10 голови и дека во одбраната е исклучително ранлив.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.