Бугарија ќе дозволи американските воени авиони да останат на нејзина територија, како членка на НАТО до крајот на јуни, иако САД сеуште не одговорија на барањето за безвизен режим за бугарските граѓани, изјави премиерот Румен Радев.

Тој рече дека разбира колку се сложени административните процедури, но дека Бугарија има сопствени приоритети и дека не може да прифати долготрајно присуство на американските воени авиони и цистерни на аеродромот во Софија.

Радев потсети дека претходно овој месец разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и побарал укинување на визниот режим за бугарските државјани, но досега не добил позитивен одговор.

Американските воени авиони се стационирани во Софија врз основа на договорот кој трае до крајот на мај, а бугарската влада ќе усвои одлука за продолжување на нивниот престој до крајот на јуни, за да им се остави време на САД да го преиспитаат својот став.

Бугарија е една од малубројните земји во ЕУ за чии граѓани САД бараат визи. Во последните години Бугарија во повеќе наврати го отвараше ова прашање со Вашингтон.   

Слични новости

Британската Монархија во огромна криза по апсењето на поранешниот Принц Ендру

Британското кралско семејство се соочува со најтешката институционална криза во последните 90 години, откако беше уапсен Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на јавна функција и поради неговата поврзаност со Џефри Епстин кој беше осуден сексуален претсапник.

Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран

Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува „Си-Ен-Ен“.