Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.

Владата образложува дека продолжувањето на кризната состојба ќе овозможи навремено реагирање доколку дојде до прекини во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари.

Целта е да се зачува стабилноста на домашниот пазар и да се заштитат граѓаните и стопанството од можни последици.

 

Слични новости

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.