Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци.  Поради скокот на цената на светските берзи кои предизвикаат зголемување на цените на горивата и дома, владата одлучи кризната состојба од 21 јули да ја продолжи до 21 октомври, поради ризици во снабдувањето.

Најверојатно во понеделник ќе се намали и акцизата за горивата. Премиерот Мицкоски пред неколку дена кажа дека поради новите случувања има услови за да се направи тоа, но рече дека ќе почека да види како берзите ќе ја затворат неделава.

Поради турбуленции на светските берзи, со последната одлука на РКЕ, литар дизел поскапе за 5, 5 денари, а бензините за денар и половина.