Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.

Станува збор за добротворен настан, а приходите одат во истражувања врзани за Алцхајмеровата болест. Организаторот соопшти дека бројот на тикети е ограничен на 120 000, а ако се распродадат тие би можеле да донесат приход од 12 милиони евра.

Ова е трет ваков настан на кој делод од Пикасо се доделува по пат на лотарија. Претходно вакви настани беа одржани во 2013 и 2020, а добитниците беа од САД и Италија.

 

Слични новости

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Екипажот на мисијата Артемис 2 се враќа дома

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“