Славниот ирански режисер Јафар панахи кој имаше и номинација за оскар за најдобар странски филм е осуден на пет години и еден месец затвор во отсуство од Исламскиот револуционерен суд во Иран.
Според независниот филмски новинар Мансур Јахани судот во Техеран донел пресуда и за конфискација на сиот движен и недвижен имот на Панахи, заедно со две годишна забрана за патување и две годишна забрана за негово појавување на социјалните медиуми.
Мансур Јахани известува дека Јафар Панахи престојува во Иран, дека судот ја донел пресудата во негово отсуство и дека е дел од новите пресуди против иранските политички активисти, но дека сеуште не е затворен.
Слични новости
Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар
Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.
